Тамара Ристова тоа сум јас, обична девојка која не ги сака проблемите, сака се да е совршено, перфектно. За мене сите велат дека сум повлечена, тивка, мирна, но всуштност јас сум скриено жарче, тлеам постојано, но може да дојде момент кога ќе прснам и се ќе изгорам околу мене, е тогаш јас нема да бидам виновна.
Од каде да започнам, мојата е долга и широка, не знам можеби со тоа што сум сега. Средношколка, имам 17 години и учам за медицинска сестра, или што би рекла мајка ми: „Златна струка само треба да ја сакаш“. Обожавам да цртам, пишувам, а мојот сон е да станам актерка, и се надевам дека ќе успеам во тоа. Имам помала сестра, мајка, татко, баба, дедо, се како едно нормално семејство. Се надевам дека нема да ми замерите со тоа што јас сакам да останам анонимна, мислам дојде такво време што најдобро е да правиш се во тајност, па дури и кога ќе одиш до продавница треба да се маскираш зошто секогаш се тука комшиките кој сакаа да дознаат се. Не знам што да кажам освен дека пропаѓаме, тонеме многу длабоко што нема да можем да се спасиме. Сите еден со друг се мразиме, никој на никого не му вреува. Страшно!
Овој дневник ќе биде малку поразличен од еден друг дневник на кој сите вие сте навикнати да читате, девојки вие сигурно не сте пишувале вакви приказни во своите дневници, а вие момци сигурно нема да најдете некој дневник сличен на овој. Затоа што ова е мој живот и мои приказни. Настаните кој ќе ги опишувам тука во овој мој дневник се вистински, само ќе бидат малку изменети за да не се препознае некој, (всуштност сите ќе се пронајдете во некој дел од моите приказни) но целта ми е тие вистинските „актери“ да не помислат дека пишувам за нив (а всуштност така е).
Се надевам дека нема многу да ме критикувате, а и да ме критикувате искрено тоа е ваше мислење и јас го ценам, јас се борам за тоа што е праведно, не ги сакам навредите, предрасудите, и сите останати проблеми кој само создаваат омраза меѓу нас, едностано сакам се да е совршено. Но дали ќе може да биде тоа така, е тоа е под знак прашалник, некогаш е совршено а некогаш не е совршено.
Мојот живот се темелел досега на неколку работи, никогаш не сум сакала да навредам некој, никогаш не сум била дрска со некој (добро, мислам никогаш не сум ја поминала границата), но секогаш сум сакала да бидам личност која ќе ја почитуваат. Сум претрпела многу неправди, многу луѓе ме навредиле, но јас само сум молчела, сум траела ама тоа нема да биде така. Сакам тие да се промена, да се покаат за тоа што го направиле... Ете тоа го сакам..
Мислам дека е доволно ова како за почеток, утре се гледаме повторно, утре започнува приказната, утре започнува описот на мојот досегашен живот...
-Автор Х

0 comments:
Post a Comment