Saturday, December 21, 2013

Поделбите во мојот клас




Најмногу од се ги мразам поделбите, но тоа неможе да се поправи, тие секогаш постоеле и ќе постојат. Работите секогаш ги делиме на добри и на лоши, , луѓето, филмовите, животните, ние сме луѓе кој постојано само делиме, а со тоа и дискриминираме, нели? 


Поделбите ги има и кај мене во класот, сите сме поделени помеѓу себе, но тоа не го покажуваме пред другите. Ние во очите на другите изгледаме совршено, изгледаме како најдобриот, најздружениот клас каде што нема поделби, ама и не е така, затоа што ние самите си знаеме до каде одиме и кој ни се границите, ние самите си знаеме кој каков е и кој се неговите цели.  
На почетокот мислев дека сите само се преправаат, мислев дека сите глумат некои фаци само колку да се истакнат и да станат по впечатливи, но сега веќе ги знам, 3 години сум веќе со нив и ги знам како дишат, знам кој што сака да направи и ги знам нивните постапки, секако тие ги знаат и моите, добро не до толку, јас бев скриеното жарче. 

Иако сме 30 души со од тие триесет дали само три ми се верни пријателки, немам зборови за останатите. Еве еден класичен пример. Пред некој ден седевме во училницата, (нормално сите поделени во групи) и секој со секого се оговара.
-Тамара, ај кажи ми со кој најмногу би се дружла од овој клас. -Ме праша другарка ми. А јас само погледнав наоколу ги погледнав сите и за миг се замислив и заклучив дека не би можел со некој друг освен со моите 3 другарки. Зошто? Па сите на некој начин се лицемерни, сите гледаат како да ти направат нешто лошо, да те посрамотат а тие да си извлечат некоја своја корист. СРАМОТА! Истото прашање си го поставивме и меѓу себе во групата што бевме собрани, некои од моите другарки кажаа уште некој школски со кој мислат дека можат да се дружат, ама јас си поќутев, кажаа личност за која не ни знаат дека таа ги мрази од дното на душата, а тие сакаат да се дружат со нејзе. Јас не им кажав ништо, само се насмевнав, мислам дека постапов правилно, а всуштно не знам. Јас лично ја слушнав таа девојка како ги оговраше нив и кажуваше разни работи, еве една ситуација.

(Понеделник)  Седиме друга другарки во ходникот и доаѓа Милица (девојката со која сакаат да се дружат) се поздравивме како што е редот, беше 7.50 часот, само што требаше да започне први час, се собираа и останатите школски, а тогаш дојде и Анита (другарката која ме праша за со кој би живеел од класот) беше облечена во некоја розева маичка со цветови, а надоле носеше „зебрести“ хеланки, е тие неможам да ги смислам.. Мислам дека не му одговарат на девојче да ги носи.. Анита дојде со нив, си се поздави со нас и си влезе во училница, а по нејзе влеговме и ние. Часот течеше и заврши, а потоа кога излеговме надвор се слушнаа озборувањата. 
-Гледај ја ти се молам, како може да ги облече овие хеланки, газот и се гледа, ццц, срамота.
Ај, за тоа да, и држи место, ама пак наредниот ден, доаѓа Милица и таа во такви хеланки, мислам ало?! Ако веќе ја оговараш нејзе зошто носи такви хеланки, тогаш зошто ги носиш и ти. Мислам стварно не те разбирам! Али тоа е.. 
Друго што го има во нашиот клас е: американки (т.е личности кој мислат дека соодветно го владеат англискиот и се губат, мислат дека ние не ги разбираме коа зборуваат на англиски, али тоа е), има и 7 машки, од нив еден е син на директорот и многу е уфилман, мисли дека се се врти околу него. Некои се стварно добри дечки, а некој се стрварно големи кретени. Има личности кој ништо не ги интересира, и се како паднати од марс. Мислам што се не држи земјава. А ова не е само кај мене , верувам дека вакви поделби има на секаде, и дека не сме ние единствениот ваков клас.
-Автор Х

0 comments:

Post a Comment

 
;